Видео: УЕФА покрена постапка против Бускетс поради расизам
13/05/2011 11:48
Видео: УЕФА покрена постапка против Бускетс поради расизам


Играчот на Барселона би можел да биде казнет по обвинувањата за расизам од страна на бекот на Реал, Марсело.

Тоа се случи во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампиони на 27 април во кој Барса го победи кралскиот клуб со 2:0. Реал се жалеше дека Бускетс го нарекол Марсело, ’monо’ (мајмун).

„УЕФА отвори дисциплинска постапка против играчот од средниот ред на Барселона, Серхио Бускетс, кој наводно го прекршил членот 11 од дисциплинскиот правилник, со директна расистичка навреда на играчот на Реал во полуфиналниот натпревар од Лигата на шампиони на 27 април. Постапката ја започнавме врз база на докази кои ги достави Реал Мадрид, видео материјал и изјави од клубот и играчите. Дисциплинското тело ќе решава за случајот во недела на 15 мај, а еден ден подоцна ќе ја соопштиме одлуката“, стои во соопштението на УЕФА.

Ако 22-годишниот Бускетс биде прогласен за виновен, веројатно ќе биде соочен со суспензија и може да го пропушти финалето на Лигата на шампиони на 28 мај против Манчестер Јунајтед.


Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0984][119]