Македонија - Австрија 32 - 28
07/06/2009 22:47

Македонската женска ракометна репрезентација во првиот бараж дуел со Австрија оствари победа од 4 гола, 32-28.


Нашите репрезентативки добро стартуваа и поведоа со 7-5, но потоа следеше игра со многу грешки од наша страна, промашен седмерец на Тодоровска, за со одличната реализација на Ачимовиќ, Австријките  да направат серија од 5-0 и водство за нив од 10-7.


Во тие моменти одлично реагираше нашиот селектор Петковиќ и игравме со фластер на левиот бек на Австрија, а Андреева имаше неколку добри одбрани, па на полувреме отидовме со 13-13.



Во вториот дел до 50 минута натпреварот беше изедначен за потоа ние да дојдеме до највисокото водство од +5 (28-23).


Можевме и да го зголемиме тоа ако Кресоја и Тодоровска реализираа два седмерци при +4 за нас, но сепак и ова добар резултат пред реваншот кој се игра на 12-ти (петок) со почеток во 20:20. 


Победникот од бараж дуелот ќе патува на СП кое ќе се одржи во декември во Кина.


 

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0906][119]