Под раководство на Пеп Гвардиола, екипата на Барселона го освои десеттиот трофеј откако синоќа го осигура со ремито против Леванте.
За само три сезони ’каталонската гордост’ достигна двоцифрен број трофеи и се најде одма зад тимот на
Јохан Кројф кој како тренер на Барселона забележа 12 титула, но во седум години.
Тимот на
Пеп Гвардиола покрај тоа може да додаде уште еден трофеј во колекцијата на 28-ми мај, кога во Лондон се среќава со Манчестер Јунајтед во финалето од Лигата на шампионите.
Од август 2008-та година Барса има три титули во Примера, една во Лигата на шампионите, една во Кралскиот Куп, две во Суперкупот на Шпанија, една во Суперкупот на Европа и една од Светското клупско првенство.