Раководството на Шалке е категорично дека нема да се занимава со трансфер сагата на голманот Мануел Ноер во текот на целиот летен преоден рок.
Како што е познато, тимот од Гелзеркирхен преговара со Баерн Минхен, меѓутоа до сега двата клуба не можат да ја договорат трансфер сумата. Според медиумите во Германија, Шалке бара 25 милиони евра за својот капитен, а оваа сума за ’баварците’ е астрономска со оглед дека
Ноер има договор само за уште една сезона.
„До почетокот на летните подготовки треба да знаеме дали Мануел останува или не. Со сигурност нема да се занимаваме со оваа тема до 31 Август“, пресече спортскиот директор на Шалке,
Хорст Хелдт.
На ваквата изјава веднаш одговори и спортскиот директор на Баерн Минхен,
Кристиан Нерлингер.
„Сумата од 25 милиони евра во голема мера е нереална. Јасно е дека секој фудбалер си има своја цена. Баерн е спремен да даде многу за да го донесе Ноер уште ова лето, но ние не сакаме да не поставуваат под притисок. Освен тоа ние и без Ноер имаме еден многу стабилен голман. Нема да се колебаме да ја започнеме новата сезона со
Ханс Јорг Бут“, изјави Нерлингер.