Африканскиот напаѓач Емануел Адебајор беше најгрубиот играч на теренот на натпреварот помеѓу Реал и Барселона на Сантиего Бернабе.
Црномурестиот фудбалер кој е на позајмица од Манчестер Сити влезе во игра во второто полувреме, а се чини само со една цел: со валкани потези да ги провоцира навивачите на Барселона.
Прво Пујол доби лакто во глава, но откако Меси погоди за гостите Адебајор полуде: неконтролирано трчаше по теренот и пробуваше да нокаутира било кој. Неговиот поход заврши со грубо приземјување на Бускетс и само жолт картон.
„Фудбалот е машка игра. Секогаш кога играш против Барселона, секогаш кога ќе ги допреш тие плачат на тревата како деца. После секој контакт тие се на земја, се превиткуваат држат за глава и плачат, а плачат и нивните навивачи и нивниот тренер. Не сакам да ме разберат погрешно, тие се голем клуб, но треба да престанат со тоа“, ги објасни своите постапки Тогоанецот после натпреварот, но машка игра е едно, а валкана нешто сосема друго.