Видео: Сан Антонио пред елиминација
26/04/2011 11:02
Видео: Сан Антонио пред елиминација


Тимот со најдобри показатели во Западната конференција на НБА во редовната сезона - Сан Антонио е на пат од сензационална елиминација уште во првото коло од плејофот.

’Спарси’ беа поразени со 86:104 од Мемфис како гостин во четвртиот натпревар од серијата и веќе губат со 1:3. За да се пласира во полуфиналето, тимот на Спарс треба да забележи три последователни победи над Мемфис.

Сан Антонио ја освои првата четвртина со 5 поени разлика - 26:21, но во текот на второто полувреме тимот на Грег Поповиќ беше надигран. Решавачка беше третата четвртина, која Мемфис ја доби со 30:15.

На овој начин, покрај тоа што играа без една од своите ѕвезди - Руди Геј, тимот на Мемфис продолжува да ја пишува својата исторја со оглед на тоа што од почетокот на серијата со Сан Антонио, немаше победа во плејоф разигрувањето.

Бекот Мајк Конли беше најпрецизен за Гризлис со 15 поени, додека крилото Дарен Артер запиша 14 почнувајќи од клупата. За Спарси, французинот Тони Паркер уфрли 23 поени, а аргентинскиот бек Ману Џинобили заврши со 14 поени. Ѕвездата Тим Данкан беше најслабата точка со само 6 поени.

Натпреварот број 5 од серијата е во салата на Сан Антонио, во ноќта помеѓу среда и четврток, но сеуште не е познат точниот час на одигрување.


Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0906][62]