Видео: Лејкерс ја забележа првата победа во плејофот
21/04/2011 13:12
Шампионите во НБА лигата, тимот на ЛА Лејкерс успеаа да ја забележат првата победа во плеј-оф завршницата на најсилното кошаркарско натпреварување во светот откако славеа над Њу Орлеанс со 87:78 и на тој начин израмнија во серијата на 1:1.
Лидерите на ’Езерџиите’ на овој натпревар не беа најрасположени со оглед на тоа што Коби Брајант заврши со 11 поени, додека Пол Гасол постигна само 8, но нивната слаба игра беше компензирана од Ендрју Бејнам со 17 поени и 11 скокови како и од Ламар Одом и Рон Артест кој завршија со по 16, односно 15 поени.
Тревор Ариза нанижа 22 поени за ’Стршлените’, а Крис Пол и Карл Лендри постигнаа по 20, осносно 12 поени кои беа недоволни да се спречи победничкиот од на Лејкерс.
Момците на Фил Џексон направија се што е во нивна моќ за да ја сопрат ѕвездата на гостите Крис Пол, кој повторно играше на високо ниво, но со сигурност не се чувствуваше толку комфорно на теренот, како во првиот дуел.