Капитенот на Шалке, Мануел Ноер со сигурност ќе го напушти клубот. Германскиот репрезентативец објави дека одбил да го продолжи договорот со клубот, кој истекува на 30 Јуни 2012 година.
Веќе неколку дена се шпекулираше за неговиот трансфер во Баерн Минхен, но после неговата изјава се чини дека тоа е веќе факт.
„Решението нема никаква врска со промената на тренерот, нито со били што друго, поврзано со друг тим. Го донесов без никакви влијанија од надвор. Многу сум му благодарен на Шалке и на нашите фанови. Но после 20 години во кој бев верен на клубот, сакам да побарам нов предизвик“, изјави
Ноер.
„Со тага го дознавме ова решение но мораме да го прифатиме и да го почитуваме“, кажа спортскиот директор на Шалке,
Хорст Хелдт.