На ден пред почетокот на натпреварот со Норвешка, нашиот селектор на денешниот прес рече дека треба да внимаваме на контра нападите од Норвежаните и дека нашиот среден ред ќе биде најважната алка ако сакаме да ја победиме Норвешка и со тоа да си ги зголемиме шансите за баражот на СП 2010.
При тоа не кажа на кои единаесет смета на овој дуел, но едно е сигурно, Новески нема да игра со Норвешка.
„Не треба да брзаме и да ги повториме грешките од претходните натпревари против Русија и Исланд кога од контри примавме лесни голови. Атмосферата меѓу играчите е сталожена, сите се спремни да го дадат максимумот. Единствен проблем е Николче Новески кој најверојатно нема да игра.“
„Мораме се да направиме средниот ред да функционира како што треба за да ги спречиме контрите на Норвежаните. Најголема опасност очекувам од нивниот најдобар играч Џонатан Карју. Тие имаат и свои слаби страни за кои сега не би говорел.“ - заврши Јонуз.
18-мината кои ќе го понесат товар за овие два дуели ќе бидат соопштени после последниот наш тренинг кој ќе го имаме денес во 17:30.
Натпреварот започнува утре со почеток во 17:45. Македонија е 4-та со 3п од 4 натпревари. Норвешка е последна со 2п од 3 натпревари.