Видео: Американската ѕвезда ’пукна’ пред ТВ камерите
14/04/2011 13:56
Еден од најдобрите кошаркари во светот Коби Брајант, може да се најде во големи проблеми бидејќи на натпреварот со Сан Антонио на судијата му упати жестока навреда.
Во средината на третата четвртина од натпреварот помеѓу ЛА Лејкерс и Сан Антонио, во кој славеа домаќините со 102:93, на Коби Брајант му беше досудена техничка грешка поради расправија со судијата.
НБА ѕвездата беше многу лут поради тоа, па во налет на бес на судијата му порача„fucking fag“. Односно „ебан педеру“.
Коментаторите кои го коментираа натпреварот во тој момент им сигерираја на режисерите на преносот да го сменат кадарот, бидејќи натпреварот го гледаат и деца.