Руни: Ми се допаѓа атмосферта која ја направи Капело
05/06/2009 00:03


Со доаѓањето на Фабио Капело на чело на англиската репрезентација, Англичаните повторно изгледаат моќно како некогаш.


Целосно со ова мислење се сложува и Вејн Руни кој поради Капело сега одлично се надополнува со Џерард и Емил Хески.


Најголемиот аплауз којшто Стив МекКларен го доби беше во моментот кога си даваше оставка. Целата англиска јавност говореше дека полошо од ова неможеше да им се случи. Со доаѓањето на Италијанецот повторно се врати еуфоријата кај Англичаните, повторно се врати самодовербата кај играчите.


“Многу работевме на некои работи. Сега јас и Стиви Џерард одлично се сложуваме. Постигнуваме голови си местиме голови, се надевам дека ќе продолжиме со ова темпо.“


“Да не го заборавам и Хески кој многу ни помага. Може да ја задржи топката и така и јас и Стиви имаме доволно време и простор да влеземе во шанса. Многу ми се допаѓа оваа концепција.“ - изјави Руни пред двата лесни натпревари на “Гордиот Албион“ со Казахстан и Андора.


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0877][57]