Алвеш со најмногу истрчани километри, Чави со најмногу додавања
07/04/2011 14:42
Алвеш со најмногу истрчани километри, Чави со најмногу додавања

Дефанзивецот на актуелниот шпански првак Барселона, Дани Алвеш, импресионираше со синоќешниот настап, и е фудбалерот кој истрча најголемо растојание на синоќешниот натпревар од четвртфиналето во ЛШ со Шахтјор.

Бразилскиот фудбалски репрезентативец поминал точно 11.843 метри, а како втор на листата од тимот на Барселона се најде Чави со 11.681. Митарјан истрча најмногу кај Украинците, или точно 11.568.

Во исто време, шпанскиот репрезентативец Чави Ернандез е играчот кој имаше најмногу додавања во текот на натпреварот, дури 123, од кои 116 беа успешни (94 проценти успешност).

Аргентинецот Хавиер Маскерано е втор на оваа листа со неговите 89 додавања, односно 80 проценти точност. Кај екипата на Шахтјор најдобар во додавањата беше Ишченко - 36, односно 52 проценти успешност.

Од ваквата импознтна статистика сигуно се воодушевија и оние кое не се симпатизери на каталонскиот гигант.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0992][59]