Еуфорија во Дортмунд, 360.000 сакаат да го гледаат последниот натпревар на Борусија
31/03/2011 17:48
Еуфорија во Дортмунд, 360.000 сакаат да го гледаат последниот натпревар на Борусија

Еуфоријата околу лидерот во Бундеслигата Борусија Дортмунд не стивнува, и владее неверојатен интерес помеѓу навивачите за последниот првенствен натпревар оваа сезона.

Управата на Борусија Дортмунд соопшти дека до денес официјлано се регистрирани над 360.000 луѓе кои чекаат на ред за билети за да го гледаат последниот првенствен натпревар на Борусија на 14 мај против Ајнтрахт.

Навивачите на популарните „милионери“, кои важат за едни од најверните приврзаници во Бундеслигата, се убедени дека нивните миленици на таа средба по пауза од девет години ќе ја прославуваат шампионската титула и поради тоа не сакаат да го пропуштат тоа славје.

Голем проблем за управата на Борусија е капацитетот на стадионот “Зигнал Идуна Парк“, кој може да прими 80.000 гледачи, а тоа е речиси четири пати помалку од барањата на навивачите.

Според правилата на Бундеслигата, гостинските навивачи мораат да добијат 10% од капацитетот на стадионот, што значи дека навивачите на Ајнтрахт ќе имаат на располагање 8.000 влезници.

Ако се земе во предвид дека Борусија пред почетокот на оваа сезона има продадено 51.200 сезонски билети, тогаш е јасно дека неполни 20.000 најсреќни навивачи ќе имаат среќа да бидат дел од овој натпревар.


Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0956][65]