
Холандскиот стратег Дик Адвокат треба да потпише договор со белгиската фудбалска федерација кој ќе стапи на сила на 1 јануари 2010 година.
Адвокат моментално е тренер на рускиот Зенит Санкт Петресбург, а договорот со ланскиот освојувач на купот на УЕФА му истекува на крајот од 2009 година.
Во извештајот од белгиската фудбалска федерација стoи: “Сите услови се договорени и треба само да ставиме потписи за сето тоа да биде официјализирано.“
Адвокат ќе потпише две годишен договор од кој ќе треба да зима по 1.2 милиони евра годишно.
Холанѓанецот на два пати беше селектор на Холандија, а еднаш и се проба како селектор на Јужна Кореа, но немаше некои посериозни успеси.