Баерн Минхен започна преговори со Јуп Хајнкес
23/03/2011 18:03
Баерн Минхен започна преговори со Јуп Хајнкес Германскиот гигант Баерн Минхен започна преговори со тренерот на Баер Леверкузен, Јуп Хајнкес, кој по трет пат треба да застане на чело на клубот кој е рекордер по бројот на титули во германското фудбалско првенство, соопшти денес претседателот на баварскиот клуб, Ули Хенес.

„Генерално и двете страни се заинтересирани. Ќе започнеме преговори во следните неколку дена. Верувам дека ќе постигнеме позитивен резултат од нив“, изјави Хенес за "Оснабрукер цајтунг".

65-годишениот Хајнкес, ќе го напушти Баер Леверкузен по крајот на сезоната. Тој го доведе Баерн Минхен до две титули во Бундеслигата при својот прв престој на тренерска клупа меѓу 1987 и 1991 година.

Вториот пат ги водеше Баварците во последните недели на сезоната 2008/2009-та, кога беше отпуштен Јирген Клинсман, а сега на тренерското место треба да го наследи Холанѓанецот Луис ван Гаал, кој го напушта клубот по крајот на сезоната.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0990][70]