
Бекот на Баерн Минхен Филип Лам призна дека неговата екипа немала никаков напредок за време на десетмесечното “владеење“ на Јирген Клинсман.
Клинсман доби отказ во април, но во ниту еден момент додека беше тренер не успае да го донесе баварскиот тим на врвот во Бундеслигата. И после неговото одење Баерн не успеа да стаса до лидерското место, но тогаш веќе беше прекасно.
Лам изјавува дека неговиот бивши тренер, па и едно време селектор во германската репрезентација чиј што член е и Филип успеал од еден победнички менталитет кој го поседувал тимот да го претвори во губитнички.
“Клинсман не го поведе тимот напред. Кога примате толку многу голови не можете да говорите за тактичка организирансот.“
“Имаше многу фактори кои не одеа во наш прилог, но кога примате толку многу голови сигурно не е дека одбранбените играчи наеднаш заборавиле да играат фудбал.“
“Сега имаме тренер од школата на Ајакс, кој во Аз скоро и да направи цел состав наново. Затоа сум убеден дека повторно ќе се вратиме на својата добро позната организираност. Ако сакате да успеете во Лш мора да бидете организирани.“
“Меѓутоа за квалитетна екипа треба да имате и квалитетени играчи на секоја позиција како Франк Рибери. Но он мора да сака да остане во Баерн. Со оглед како играше на натпреварите во последните кола тој тоа и го сака. Сепак прифатливо е и негово заминување, но под услов да се појачаме на друг начин. Се е можно. Во секој случај Баерн нема да се распадне ако Рибери си отиде.