Бундеслигашот Волфсбург денес во утринските часови потврди дека Феликс Магат, довчерашниот тренер на Шалке, се враќа на клупата каде во 2009 година ја освои титулата во Бендес лигата.
Магат во Волфсбург ќе има тројна улога. Ќе биде тренер, спортски директор и член на Извршниот одбор на клубот, а сите детали ќе бидат објавени денес на пресконференција, која ќе се одржи во 13 часот, а веќе во 15 часот Магат ќе го одржи првиот тренинг со играчите.
Според изјавите кои ги даде за „Спорт 1“, Магат во клубот би требало да остане до 2013 година.