И во новата ранг-листа на ФИФА за месец мај нашата фудбалска репрезентација остана на 64-то место.
Во топ 10 репрезентациите нема некои значителни поместувања. Шпанците си останаа први и веќе се 12 месеци на таа позиција. Мал скок направија лидерите во нашата група Холанѓаните кои сега се втори, а Германците паднаа на 3-то место. Исто и Италија го прескока Бразил и сега се 4-ти, а Кариоките 5-ти. Англија ја рипна Аргентина и сега е 6-та, а Гаучосите се 7. Во топ 1- се уште и редоследно Хравтска, Русија и Франција.
Од нашата група Шкотска напредуваше 2 позиции и сега е 22, додека нашиот следен противник Норвешка падна за 2 позиции и сега се 47. Исланд со кој ќе играме на 10-ти јуни напредуваа две места и сега се 92.
Највеќе напредуваа Брукина Фасо(7 места) кои сега се 50-ти, како и Црна Гора(7 места) која сега е на 110. И двете репрезентации не одиграа ниту еден натпревар, а напредуваа толку многу. За прв пат откако постои рангирањето се случува некои репрезентации да напредуваат толку, а да немаат одиграно ниту еден меч.