Официјално: Шалке го отпушти Магат
16/03/2011 13:29
Официјално: Шалке го отпушти Магат Феликс Магата повеќе не е тренер на Шалке, откако германскиот клуб официјално соопшти дека се разделил со 57-годишниот стретег.

Магат кој го превзеде тимот во јули 2009 година, се пласираше со тимот од Гелзенкирхен во четврт финалето во ЛШ оваа сезона,како и ви финалетово Купот на Германија, но Шалке се претставува многу лошо во домашното првенство и во моментов се на 10-то место во Бундеслигата.

„Шалке има многу сериозни причини да се раздели со Феликс Магат. Нема да ги објавуваме јавно тие причини, зошто ни претстои судска разврска. Многу сме разочарани од напуштањето на Магат, но сметаме, дека тоа е најдоброто решение за Шалке“, гласи соопштението на официјлниот сајт на германскиот клуб.

Магат одбил да присуствува на денешното собрание на бордот на директори на Шалке, на кое било донесено решение да се разделат со тренерот.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0983][68]