Сите што мислеа дека ќе паузираат до крајот на август(кога повторно започнуваат првествата) со гледањето на квалитетен фудбал ќе треба да почекаат уште еден месец. Sportski.mk до 28-ти јуни освен трансфер шпекулациите ќе се обиде максимално да ви долови Купот на конфедерации кој започнува на 14-ти, а ќе трае до 28 јуни.
Купот се оджува во земјата домаќин на наредното Светско Првенство и тоа всушност е еден вид тест за ФИФА колку Јужна Африка ќе се покаже на организационен план.

Инаку ова ќе биде осмиот таков куп, а првите два организирани вакви купови се под името Кралски Фахад Куп на кој целта им била пред се од финансиски план, бидејќи се организирал во Саудиска Арабија под покровителство на тамошните шеици. Всушност тоа било еден вид популаризација на најквалитетниот фудбал во оваа земја.
На почетокот во 1992год, неговото прво издание играле само четири репрезентации. Првакот на Африка(Брегот на Слонова Коска), првакот на Азија(Саудиска Арабија), Првакот на Јужна Америка(Аргентина) и Првакот на КОНКАКАФ(САД).
Потоа во 1995 се вклучува и првакот на Европа, како и првакот на Азија, за да од 1997год за прв пат да почне да функционира како Куп на Конфедерации во кој учество ќе земат: Победникот на ЕП, домаќинот, Победникот на СП, победникот на Азија купот, победникот на Африканскиот куп на нации, победникот од Океанија и КОНКАКАФ победникот. Значи се на се 8 репрезентации. Имаше и неколку откажувања во изминативе години, особено на европските репрезентации, пред се поради уморот на нивните фудбалери.
Годинава тоа ќе бидат: Шпанија, Италија, Бразил, Египет, Јужна Африка, Нов Зеланд, САД и Ирак.
Ќе бидат поделени во две групи:
Група А
Јужна Африка
Ирак
Нов Зеланд
Шпанија
Група Б
САД
Италија
Бразил
Египет

Натпреварите ќе се играат во 5 града, а финалето ќе се игра во Јоханесбург.
На овој турнир за прв пат Адидас ќе го промовира новиот фудбал, Копања.
Како репрезентации со највеќе трофеи се Бразил(1997 и 2005) и Франција(2001 и 2003), додека по еден трофеј имаат Мексико(1999), Данска(1995) и Аргентина(1992).
Бразил и Мексико имаат највеќе учества по 5. Со учеството на Кариоките и на овој турнир ќе имаат 6 учества и ќе бидат единствени со такво достигнување.
Sportski.mk во наредните неколку денови ќе ви ги престави сите овие репезентации и ќе ги проанализираме нивните шанси за освојување на овој трофеј.