Менаџерот на Тотенхем Хари Реднап е пресреќен од пласманот на неговата екипа во четврт финалето, но истакна дека ова е историски успех но не можел да ужива во натпреварот бидејќи постојано гледал во часовникот и чекал да изминат 90 минути.
Спарс на Вајт Харт Лејн успеаа да го задржат Милан и да одиграат 0-0, па благодарејќи на победата од гостувањето на Сан Сиро, Тотенхем се пласираше во следната рунда.
„Ова е фантастича вечер за фудбалерите, фановите и сите нас. Милан е одличен тим, а вечерва докажа зошто се голем клуб со таква традиција. Но затоа нашиот пласман е толку воодушевувачки“, коментира
Реднап и додаде:
„Беше тешко да се задржат фудбалери како
Сидорф и Пато. Тие доминираа на средината од теренот. Како да имаа екстра фудбалер таму. Никако неможев да уживам додека траеше натпреварот, притисокот беше преголем. Постојано гледав во часовникот и чекав да поминат 90-те минути“, признава англискиот стратег.
Реднап потоа призна дека сакаат да ја избегнат Барселона во четврт финалето.
„Ова е големо достигнување за клубот. Неверојатно е она што го постигнаа овие играчи. Пресреќен сум поради моите момци, поради навивачите на Тотенхем и поради сите кои се поврзани со клубот. Ќе биде одлично кој и да ни се падне во четвртфиналето, но мислам дека секој ќе сака да ја избегне Барселона“, додаде Реднап.