Македоснката репрезентација веќе трет ден се подготвува за дуелите со Норвешка на 6-ти јуни и Исланд на 10-ти јуни.
Од денес сите фудбалери кои беа на поширокиот список беа присутни на тренинзите.
Според селекторот Јонуз на наредните тренинзи ќе се оди со тактичко-техничката подготовка.
“Тактиката, играта ќе зависи само од нас, независно како ќе игра противникот. Едноставно ќе се бара стрплива игра за освојување на просторот и со стрпливо градење да се освои простор, да се дојде поблиску до голот. Знаејќи ги квалитетите на нашите напаѓачи цврсто сум уверен дека нема репрезентација во Европа каде што не можеме да и дадеме гол.“ - изјави Јонуз на прес-конференцијата за медиумите.
На неа беа присутни нашиот капитен Гоце Седлоски, нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев и новакот во репрезентативниот тим Филип Деспотовски.
Еве што изјави Пандев: “Во сабота за нас е најбитниот натпревар во овие квалификации и сигурно со победа ќе се подигне атмосферата и ќе одиме на еден одлучувачки натпревар против Исланд и после ќе видиме“.
“Норвешка игра различен фудбал од нас, па затоа не очекува многу тежок меч. Не е важно дали јас или некој друг ќе постигне гол, важно е само да победиме.“ - заврши Гоче.
Јонуз во четврток навечер ќе ги објави 18-тината фудбалери кои ќе го понесат товарот на овие два многу значајни квалификациони натпревари за нас. Со две победи ги задржуваме шансите за бараж за СП 2010 во Јужна Африка.