Првата ѕвезда на Тотенхем ги предупредува ’росонерите’ дека утре во Англија нема да им биде воопшто лесно, и верува дека неговата екипа ќе продолжи понатаму во ЛШ.
Фантастичното крило на Тотенехем,
Герет Бејл, верува дека Милан е тој кој треба да се замисли и загрижи пред утрешното гостување на Вајт Харт Лејн во реваншот од ЛШ.
’Спарси’ имаат предност од првиот натпревар со 1:0 и сите во клубот се уверени дека ќе го исфрлат миланскиот гигант.
„Тие имаат неколку големи имиња и фантастични играчи кои се способни да направат разлика. Нема да им треба многу за да ја неутрализираат нашата предност. Притоа мислам на
Златан Ибрахимовиќ, Пато и Робињо. Сепак верувам дека Милан е тој кој треба да се загрижи и замилси“, порачува Бејл и додава:
„Тие ќе бидат повеќе загрижени од нас. Тоа би можело да ги избалансира силите на теренот. Сите ќе го дадеме својот максимум.“
На утрешниот натпревар на Вајт Харт Лејн,
Хари Реднап ќе може да смета на услугите на младиот Велшанец кој се врати од повредата како и на
Рафаел ван дер Ваарт. Од друга страна Милан има големи проблеми со составување на тимот бидејќи
Пирло, Амброзини и Боатенег се повредени,
Гатузо е суспендиран, а
Ван Бомел и Касано немаат право на настап.