
Уште еден фаворит ги пакува куферите за дома. Петиот носител Јелена Јанковиќ со 2-1(3-6, 6-0 и 9-7) по сетови загуби од романската тинејџерка Сорана Кристеа.
Јанковиќ која во претходните две сезони стасуваше минимум до полуфиналето сега мораше на крајот да и подаде рака на Романката.
Србинката сервираше за меч при 6-5 за нејзе во третиот сет, но Кристеа успеа да се врати во натпреварот и за прв пат во нејзината кариера 41-та на ВТА ранг листата да игра во четвртфиналето на некој голем турнир.
30-та носителка Саманта Стосур за само 73 минути ја збриша домашната тенисерка Вирџин Рацано со 2-0(6-1 и 6-2) и во четвртфиналето ќе игра со Романката Кристеа.
Во остантите два натпревари Серена Вилијамс(2) лесно се пласираше во четвртфиналето откако ја сволада Канаѓанката Александра Возњак со 2-0(6-1 и 6-2). Во четвртфиналето ќе игра со Светлана Кузнецова(7) која со 2-1(6-4, 1-6 и 6-1) ја совлада Пољакињата Радванска.
Во четвртфиналето утре ќе играат:
(1)Динара Сафина(Русија) - (9)Викторија Азаренка(Белорусија)
(20)Доминика Чибукова(Словачка) - Марија Шарапова(Русија)