Хенес: Разочаран сум од Лусио
22/02/2011 13:04
Хенес: Разочаран сум од Лусио Претседателот на Баерн Минхен, Ули Хенес изјави дека е разочаран од зборобите на Лусио кој ги кажа пред натпреварот помеѓу Интер и неговиот бивши клуб во ЛШ.

Бразилскиот стопер изјави дека буквално бил избркан од Минхен: „Кога разбрав дека клубот повеќе не ме сака, тоа беше голем шок. До тогаш никогаш не сум размислувал за трансфер и се запрашав: Треба ли да си заминам од Минхем на овој начин, и покрај тоа што секогаш сум давал се за клубот?“, вели Лусио.

Но веднаш потоа на оваа изјава одговори претседателот на неговиот поранешен клуб Ули Хенес.

„Не мислам дека Лусио требаше да си замине. Во Баерн никој не е задолжен дa си замине, кога има валиден договор. Разочаран сум од Лусио. Кога беше во Минхем двајцата имавме недоразбирања, кога го критикував за некои негови потези. Меѓутоа ако човек не може да ја прифати критиката, тогаш тоа не е нормално.
Објаснувањето дека му било наредено да си замине е неразбирливо за мене. Тој од Интер доби три годишен договор и повеќе пари, тоа е причината што си замина“, коментира Хенес.

Многумина сметаат дека најголемата грешка на Баерн е продажбата на Лусио ако се знае дека одбраната е најслабата точка на „баварците“, а Лусио е еден од најдобрите одбрамбени играчи во Европа, и беше клучна фигура во Интер при освојувањето на ЛШ.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.4880][63]