Македонија денес треба да биде комплетна
01/06/2009 15:53


Националниот тим на Македонија од вчера е во Охрид каде во наредните денови ќе се подготвува за претстојните квалификациски средби со Норвешка и Исланд.


На првиот тренинг в недела се појавија 11 фудбалери, а четворица кои задоцнија (Ивановски, Лазаревски, Грнчаров и Мазнов), го следеа тренингот. Денес се очекува репрезентацијата да се комплетира со доаѓањето на Седлоски, Наумовски, Тасевски и Филип Деспотовски кој вчера ја освои титулата во купот со  Воскла откако во финалето го совладаа Шахтјор со 1-0. Се очекува сите фудбалери да се појават на тренингот во 18ч. на „Билјанини извори“.


На пресот организиран од ФФМ после првиот тренинг селекторот Јонуз изјави: “Се подготвуваме за вториот тренинг на кој очекувам да присуствуваат сите повикани фудбалери.“


За нас е најбитен сега здравствениот билтен и добро е што и Новевски полека се опоравува и најверојатно ќе биде способен да ги издржи напорите. Ќе работиме тренинг во две групи. Оние што допатуваа вчера- вечер и денеска ќе одработат лесен тренинг, а останатите ќе работат со зголемен интензитет, воигрување на техничко – тактички задачи.“


“Првите информации од мојот соработник Гого Јовчев говорат дека сите тројца кандидати за голманската позиција се во добра психо-физичка кондиција и во добра форма и очекувам тоа да го потврдат на тренинзите и во моментов најподготвениот ќе ја добие и шансата за настап.“


“Што се однесува до утрешниот ден ќе имаме специјален режим на работа и фактички започнуваме со реализирање на тактичките задачи и директните подготовки за нашиот прв противник Норвешка. Предвидено е и гледање на видео снимки од средбите на Норвешка со Ј.Африка и Холандија.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.1143][59]