Ноер им порача на фудбалерите хомосексуалци: Немојте да се криете!
10/02/2011 18:21
Ноер им порача на фудбалерите хомосексуалци: Немојте да се криете! Голманот на германскиот национален тим и Шалке 04 Мануел Нојер апелираше до професионалните фудбалери-хомосексуалци да не се срамат од својата сексуална ориентација и јавно да се декларираат како такви, а не да се кријат.

„Мислам дека секој фудбалер- хомосексуалец, мора да го каже тоа јавно. Тоа ќе му ја олесни ситуацијата и товарот од грбот. Важно е она што го покажува играчот на теренот и кои се неговите постигнувања, а не неговите сексуални склоности“, рече 24-годишниот Мануел Нојер во интервју за германско списание.

Хомосексуалноста и понатаму е табу-тема во светот на фудбалот, а во неколку наврати бундеслигашки фудбалери анонимно ги истакнаа во јавност тешкотиите со кои се среќаваат во својата работа.

Па затоа Мануел Ноер не е првиот германски фудбалер кои ги повикува хомосекусалците на вакво нешто. Истото го направи и фудбалерот на Баерн Минхен, Марио Гомез пред неколку месеци.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.1042][60]