Видео: Робен со боксови го воспитува младиот Милер
31/01/2011 12:17
Видео: Робен со боксови го воспитува младиот Милер

Холанѓанецот Арјен Робен, многу се налути на својот помлад колега од Баерн и германски репрезентативец, Томас Милер па со боксови се обиде за го воспита на саботното гостување кај Вердер во Бремен.

Причината за расправијата меѓу двајцата играчи на „баварскиот“ тим била изведувањето на еден директен слободен удар, по што Милер со јасни гестикулации, мавтање со рацете му дал до знаење дека не му се допаѓа неговиот егоизам. Но на Робен тоа мавтање со раце многу го навредило па се случија немили сцени.

После натпреварот Милер не беше достапен за коментар, но затоа Робен вели:

„Милер изрази непочитување. Ќе беше подобро да разговара со мене, а не наоколу да мавта со рацете.
Во такви ситуации никој не добива почит од моја страна. Може да ме обвинат за било што, но за егоизам - не. Не го дозволувам тоа“, изјави Робен по натпреварот.

По натпреварот сонародникот на Робен и тренер на тимот Луис ван Гаал, не беше баш остар во коментарите и вели дека во Холандија тоа е нормално.

„Не ја видов таа сцена, меѓутоа мислам дека е добро играчите да комуницираат и да се повикуваат едни со други на одговорност. Секако тоа мора да се прави со взаемно почитување. Во Холандија е нормално играчите да се караат еден со друг и да си кажат се што имаат. Овде во Германија е поинаква култура“, коментира Ван Гаал.


Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.1109][53]