Трочовски: Сакам да играм ЛШ!
29/05/2009 19:50


Крилото на Хамбург, Пјотор Трочовски изјави дека сака да замине во клуб кој има амбиции во Лигата на шампионите.


24 годишниот фудбалер имаше доста успешна сезона во Хамбург и одигра клучна улога во нападот на овој клуб. Според германските медиуми можно е ова лето да го напушти клубот и да замине на островот.


“Ова ми е веќе четврта сезона во клубот и најголем наш успех е во купот на УЕФА. Сакам да играм во Лигата на шампионите. Сепам неможам да се пожалам на условите кои ми се помудени тука во Хамбург.“ - изјави Трочовски.


Сезонава Трочовски беше најстандардниот играч на бундеслигашот и одигра 48 натпревари во кои постигна 9 гола.


Неговата вреднсот се проценува на 10 милиони евра, а како најзаинтересирани за него се Тотенхем и Астон Вила што пак не ги задоволува неговите желби за најдоброто натпреварување, но секако би било напредок во кариерата.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0361][71]