Интер го донесе првото засилување – Ранокиа
28/12/2010 11:44
Интер го донесе првото засилување – Ранокиа Како што пренесуваат италијанските медиуми Интер го договорил трансферот на досегашниот дефанзивец на Џенова, Андреа Ранокија кој ќе се пресели на Џузепе Маеаца за 12 милиони евра.

Андреа Ранокиа(22) е репрезентативец на Италија и важи за еден од најталентираните стопери во Европа, а домашните медиуми за него пишуваат дека е новиот Неста. Тоа го потврдува и неговата цена која е доста висока за млад играч како него.

Имено, фудбалерот беше во половична сопственост помеѓу Интер и Џенова, а за целосно откупување на договорот „нероаѕурите “ќе доплатат 12 милиони евра, бидејќи неговата реална цена во моментов изнесува 25 милиони евра.

Ранокоиа оваа сезона одигра 16 меча во Серија А, а одличните настапи во тековната сезона му донесоа и деби во дресот на репрезентацијата. Тој вниманието го сврте кон себе минатата година кога настапуваше за Бари но поради повреда пропушти да биде дел од репрезентацијата на Италија за СП.

Младиот италијаснки стопер доаѓа во Интер како замена за повредениот Валтер Самуел, а новиот тренер Леонардо за него има многу високо мислење уште од деновите кога беше тренер на Милан.

Ранокиа ќе се приклучи на екипата на 29 декември, а неговото официјално преставување ќе биде на 3 јануари.



Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.1786][54]