Кливленд(2) - Орландо(3) 112 - 102
Екипата на Кливленд не се предава сеуште. После фијаското што го имаа како тим на претходниот натпревар, овој пат сето тоа беше поправено и може да се рече дека за прв пат оваа серија одиграа како вистински тим.
ЛеБрон повторно започна да ги проигрува своите соиграчи. Тоа го правеше во првите три четвртини, а во последната ја презема одговорноста и со 17п во овој период беше најзаслужен за триумфот и намалувањето на серијата на 3-2.
Клучна беше серијата што Кавс ја направија при крај на решавачката последна четвртина. Во период од околу 2 минути балагодарение на “кралот“ направија серија од 8-0 и поведоа со недостижни +9(102-93) на 2:21 до крај. Во тој период Џејмс имаше 5п и една асистенција до Гибсон кој погоди тројка.

На крај ЛеБрон заврши со трипл-дабл 37п 14с 12ас. За прв пат серијава Кливленд имаше повеќе тројки од Орландо 9-8, но Кавс имаа одлични 50% наспроти 32% на “магичните“. Овој пат Алстон беше очаен за разлика од претходниот меч. Плејот на Орландо имаше само 3п со 1-10 шут.
Кливленд: ЛеБрон 37п 14с 12ас, Мо Вилијамс 24п, Илгаускас 16 и Делонте Вест 13п
Орландо: Двајт Хауард 24п 10с, Хидо Туркоглу 29п, Луис 15п и Пјетруш 13п