Хамилтон: Одбраната на титулата е невозможна мисија
29/05/2009 02:01


Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон призна дека одбраната на титулата сезонава е невозможна мисија.


24 годишниот возач на МекЛарен освои само 9 бодови на шестте досегашни трки што е за дури 42 бода помалку од лидерот Џенсон Батон од екипата на Браун ГП кој пак има 5 победи на овие 6 трки.


Болидот MP4-24 е преспор оваа сезона во однос на конкурентните болиди па Британецот најпосле призна дека од титулата нема да има ништо оваа сезона, иако рече дека ќе се бори за нејзе се додека ќе има шанси.


“Минеме низ доста тежок период за нас, но ќе се извлечеме. Сите светски прваци имале проблеми во кариерата, неможете ништо против тоа. Не верувам дека имам шанси да ја одбранам титулата, но ќе се борам додека можам.“


“Напредувавме само малку и понатаму не сме брзи колку и Браун ГП. Наредната трка е големата награда на Турција и ќе биде доста тешка затоа што е доста брза, а ние немаме прилагоден болид за таква патека. Се надевам дека наскоро ќе постанеме конкурентни. Да оствариме висок пласман или победа.“ - изјави Хамилтон за англиските медиуми.

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0756][62]