Најкорисниот кошаркар во НБА лигата во последниве две сезони ЛеБрон Џејмс во последно време фати победнички ритам со својот нов клуб Мајами Хит.
Па така ноќта помеѓу понеделникот и вторникот ја оствари и деветтата врзана победа оваа сезона на домашен терен против Њу Орланс.
Џејмс натпреварот го заврши со 20 кошеви и 7 асистенции, а посено е впечатлив еден негов кош на крајот на третата четвртина. Во обидот за продор према кошот од десна страна изгуби контрола на топката и кога се чинеше дека нападот замина во неповрат, ЛеБрон од невозможна ситуација во пад преку табла го пронајде патот према кошот. Оваа акција сигурно ќе си обезбеди место во изборот за најдобри.