Л.А.Лејкерс(3) - Денвер(2) 103 - 94
Цели три четвртини натпреварот беше изедначен, се играше кош за кош. Дури 13 пати имаше изедначување а резултатот, од прилика толку пати имаше и промена на водството од страна на двете екипи.
Највисоката предоност што во овој дел од натпреварот ја имаше некоја екипиа беше +7 за Денвер, но тоа беше за 2 и пол минути“езерџиите“ веднаш се вратија во натпреварот.

Клучниот момент доаѓа на стартот на последната четвртина. Лејкерс направија серија од 11-0 на почетокот на четврта за водство од +11(87-76) и после ова “грутките не успеаа да се вратат во натпреварот.
И повторно клупата го одлучуваше победникот. Овојпат порасположени беа домашните “резервисти“. 34-26, а меѓу нив најзаслужен беше ламар одом кој за прв пат оваа серија одигра како што и се очекува од него. 19п 14с од кои 8п во последната четвртина.
Со оваа победа тимот од Л.А има 20-0 во сериите во кои било 2-2 и потоа играле дома и победиле.
Досега екипата која имала 3-2 водство во серијата 83% има шанси да игра и во наредната рунда т.е во овој случај финале на НБА.
Л.А.Лејкерс: Коби 22п 8ас, Одом 19п 14с, По Гасол 14п 10с, Ариза 12п и Фишер 12п
Денвер: Кармело 31п, Билапс 12п и Кенион Мартин 12п