Меси: Никогаш не помислив да ја напуштам Барселона
17/11/2010 16:58
Угледниот светски фудбалски магазин World Soccer во ноемвриското издание донесува ексклузивно интервју со најдобриот фудбалер на денешницава, Лионел Меси.
Во него, аргентинскиот волшебник меѓу останатото прозборе за сопствената мотивација, аргентинската репрезентација, како и за бившиот клупски и репрезентативен тренер Франк Рајкард и Диего Марадона.
Честитки за освоената Златна копачка. Минатата сезона постигнавте 34 гола, можите ли оваа сезона да потигнете повеќе?
-Се надевам, но искрено не знам. Тешко е. Би сакал повторно да дадам толку голови и би било прекрасно да ја добијам наградата по втор пат, но ќе видиме. Ќе биде ова тешка и долга сезона.
Реал Мадрид повторно се засили. Дали тоа додатно ќе ви ги отежне работите?
-Мислам дека натпреварувачкото ниво ќе биде еднакво како и лани. Знаеме дека Реал е јака екипа и знаеме дека во ЛШ секоја екипа е тешко да се победи. Но без оглед што сите зборуваат за нашиот ривалитет со Реал, ние не можеме да се концентрираме само на тоа. Мораме да мислиме на нашата игра, и да настојуваме да ја подобруваме со сеој натпревар.
Освоивте се што може да се освои со Браса, а имате само 23 години. На што се надевате во иднина и што ве држи мотивиран?
Желбата за победување не се смалува со фактот дека сте освоиле нешто порано. Настојувам да продолжам со победи и на индивидуален и на тимски план. Исто така сакам да освојувам титули со Аргентина. Навистина имам многу освоено, но сака тоа да го направам повторно.
Сте играле и на десно крило, и како повлечен или истурен шпиц. На која позиција се чувствувате насреќен?
-Не знам. Ќе играм каде што ќе ме стави тренерот. Се зависи од натпревар до натпревар и од противничката екипа. Понекогаш повеќе ми одговара да играм повлечено, понекогаш истурено. Секоја година растам во играта се подобрувам. Гвардиола секогаш знае да ја пронајде вистинската позиција за мене. Ми рече дека неговата намера е да бидам уклучен во што повеќе наши акции, да учествувам во игата. Но исто така сака да бидам што поблиску до противничкиот гол, а тоа ми го олеснува постигнувањето на голови.
Колку Рајкард беше важен за твојот успех? И како го објаснуваш фактот дека се мачеше на клупата на Галатасарај?
-Многу важен. Многу сум среќен што соработував со него во Барса. Ми даде шанса, веруваше во мене. И како човек и како тренер беше прекрасен. За мене сакаше само најдобро и многу сум му благодарен за тоа и многу му должам. Работите во Турција не се одвиваа добро за него, но тој е тренер кој многу знае за фудбалот. И во Барса на почетокот му беше тешко, сепак со време и работа успеа се да преокрене.
Но не можете да одречете дека работите се променија на подобро со доаѓањето на Гвардиола?
-Секако сека не. Навистина се променија работите со Гвардиола. Стигна во година откако не успевме ништо да освоиме, во време кога се спласнуваше, кога владееше тага во соблекувалната. Тој донесе мотивација, се повторно оживе и беше добро за нас.
Сепак во вашата кариера има една сенка, аргентинската репрезентација. Како ја објаснувате разликата помеѓу вашата клубска форма и проблемите со кои се соочувате во репрезентацијата?
-Разликата е во тоа што во Браса сме сите заедно цела сезона и сум поминал многу години играјќи заедно со истите играчи. Во репрезентацијата е потешко, тренерот пробува да наметне одреден стил на игра и да ја сложи екипата за кратко време. Едноставно нема време за работа, но се надевам дека Батиста ќе успее во тоа.
Дали сте задоволен што Батиста е избран за селектор или повеќе сакавте Марадона?
-Сите знаат дека Диего сака да се врати, но не е на играчите да одлучуваат за тоа. Тоа е прашање за фудбалската федерација. Бев среќен со Диего, среќен сум и сега со Батиста.
Но Барселона е сепак посебна?
-Барселона е мојот дом и прекрасно е да се биде овде. Во Браселона секогаш имав се што можев да посакам. Од младинската школа до денес чувствувам подршка од клубот и никогаш не посакав нешто друго.
Кога стигнавте во Брселона бевте многу млад, имавте само 13 години. Дали некогаш постоеја моменти кога мислевте дека нема да успеете или дека ќе мора да ја напуштите Барселона?
Не, да бидам искрен, не. Поминав низ многу тешки моменти, а кога е така логично е дека ви недостасува домот. Но никогаш не размислував за тоа да ја напутам Барселона. Знаев дека јас сум тој кој одлучил да дојде овде и да се борам за својот сон. Исто така имав среќа што дебитирав многу млад, но кога почнав да играм за првиот тим, се се промени.