Sportski.mk продолжува со преставувањето на нашите млади, надежни и потенцијални репрезентативци. Овојпат го имаме Филип Ивановски кој пред неколку дена го обезбеди својот прв повик за националниот тим.
Филип Ивановски е роден на 1-ви мај 1985год во Скопје. Првите фудбалски чекори ги направил во Вардар. Потоа преминува во Работнички од каде оди 6 месеци во Алумина за во сезоната 2003/04 премине во Македонија Ѓорче Петров каде што настапува до сезоната 2006/07. Од тука започнува неговата интернационална кариера. Преминува во Дискоболија-Гроцлин тим кој се натпреварува во Полската прва лига. За нив ќе одигра цела една сезона и потоа преминува во Полонија од Варшава кој всушност е екипа фузирана од Дискоболија и Полонија. Новопечениот македонски репрезентативец сезонава одигра 26 натпревари во Првата полска лига и постигна 12 гола со што е прв стрелец на тимот или четврти во Полска. Има и 5 настапи за младинската репрезентација и еден постигнат гол.
-Дали Владе Лазаревски беше една од причините што прифати да играш за Дискоболија(Гроцлин)??? Како си прифатен таму? Како се снаоѓаш со него, со оглед дека подолго време е во Полска? Колку си задоволен???
Ивановски: “Секако дека беше позитивна околност. Владе Лазаревски како и Панче Ќумбев (кој исто настапуваше за Гроцлин) многу ми помогнаа полесно да се адаптирам во новата средина. Јас сум задоволен од статусот во клубот. Стекнав доста нови пријатели со кој се дружам и го поминувам слободното време тука. Сепак најчесто сум со нашите интернационалци меѓу кои и Златко Таневски од Лех Познан.“
-Направи една споредба за читателите помеѓу фудбалот во Полска и овде во Македонија? Каква е атмосферата на стадионите. Полни, празни!?!
Ивановски: “Како прво професионалноста е на доста повисоко ниво одколку кај нас во Македонија каде сето тоа е сведено на минимум.“
“Потоа во Полска заитересираноста за фудбалот како за превенствените така и за националните натпревари е голема. Сите натпревари се емитуваат на телевизија и воопшто фудбалот зазема голем дел во медиумите.“
“Стадионите се релативно полни, на секој натпревар има по неколку илјади гледачи, додека пак на дерби натпреварите бројката надминува и 15 000.“

-Колку се вложува во фудбалот во Полска? Имаш ли информација колкав е буџетот на Полонија или на Висла на пример???
Ивановски: “Вложувањата кај нас за разлика од тука се смешни. Клубовите добиваат големи средства за правото на пренос на натпреварите, а буџетите им се движат помеѓу 2 кај просечните па се до 10 милиони евра кај најквалитетните екипи.“
-Во што е работата што на пример Полјаците имаат квалитетен репрезентативен фудбал, редовни учесници на ЕП и СП последниве години, но немаат некои успеси во европските купови. Исто како нас чекаат да влезат во ЛШ ???
Ивановски: “Во последно време немаат среќа во ждребот и се налетуваат на некој Европски гинант. Еве на пример годинава Висла испадна во третото коло од квалификациите од финалистот во ЛШ, Барселона. Но сепак од друга страна Лех Познан на мојот пријател Златко Таневски ја помина фазата по групи во Купот на УЕФА што е голем успех за полска екипа.“
-Ќе избори ли Полонија место во УЕФА Евролигата сезонава, па да можеме и Ивановски и Лазаревски да ги гледаме во Европа???
Ивановски: “Се надевам... Ни остана уште еден натпревар до крајот и доколку победиме сигурно ќе настапуваме во Европа.“
-Кои се твоите планови за наредната сезона??? Примарна цел ти е останување во Полонија или ќе пробаш да најдеш ангажман во некој подобар клуб???
Ивановски: “Нормално дека посакувам да напредувам во својот развој и кариера и да заиграм за подобар клуб и во подобра лига, така да доколку добијам поволна понуда секако ќе ја искористам.“
-Со оглед дека имаше добра сезона во Полонија, постои ли интересирање за Ивановски од страна??? Ако има, од кои првенства или екипи ???
Ивановски: “Моментално сум концентриран на последниот натпревар на мојот клуб и пласманот во УЕФА Евролигата. По завршувањето на сезоната ќе размислувам за можностите кои ке се појават.“

-Малку за репрезентација... Честитки за повикот. Колку долго го очекуваше, со оглед дека и јавноста притискаше за него, бидејќи навистина имаше добри изданија во Полската прва лига???
Ивановски: “Благодарам за честитките. За мене е огромна чест да ги бранам боите на нашата репрезентација. Доста стрпливо ја чекав својата шанса и се надевам дека ќе добијам можност од селекторот да ги оправдам неговите очекувања и очекувањата од јавноста.“
-Која беше твојата реакција кога ти соопштија дека си во списокот за дуелите со Исланд и Норвешка???
Ивановски: “Бев многу среќен поради тоа...
-Твоите очекувања од наредните два дуела???Каде ја гледаш Македонија по завршување на кв за Сп2010???
Ивановски: “Играме пред своја публика и секако очекувам максимален исход т.е. две победи. Ако успееме да го уствариме тоа тогаш одиме на Светското Првенство
“
-Што е најбитното за добра атмосфера во еден клуб или репрезентација конкретно???
Ивановски: “Професионализмот пред се. Играчите треба да бидат посветени кон поставената цел, да има меѓусебно почитување, и да веруваат во успех тоа е најбитно, инаку крајниот резултат нема да биде посакуваниот.“

-За крај стандардните прашања...Твој идол, некој со кој си се споредувал додека си ги правел првите контакти со топката???
Ивановски: ’Ел феномено - Роналдо’!
-За кој европски тим би играл онака чисто од ќеф, без многу да се замараш за плата???
Ивановски: ’Барселона’ 
-Што за тебе би било врв во твојата кариера???
Ивановски: “Успешно да настапувам во некоја од најдобрите Европски лиги и да учествувам со Македонската репрезентација на некое големо натпреварување (Европско/Светско Првенство)“
-Под кои услови би се вратил да играш сега во мак-првенството???На пример утре ти викаат кажи ми што сакаш и даваме, само да играш за нас, конкретно твојот стар клуб МакедонијаЃ.П.???
Ивановски: “Треба да се сменат многу работи, не е работата само од финансиска гледна точка. Се надевам дека подолго ќе останам да играм во странските клубови и ќе слушате само убави работи за мене.“
-Исто и ние се надеваме и до некоја друга прилика. Поздрав!
Најдобар пример за неговата форма е натпреварот од последното коло каде што против второпласираниот Лех постигна два гола. Натпреварот заврши 3-3. Видео: