Почнува плејофот во Македонската прва кошаркарска лига!
21/04/2009 22:48

Со утрешните дуели во Охрид и Битола започнува завршницата во кошаркарската Прва Лига кој ќе го даде новиот шампион на Македонија.


Во салата "Младост" во Битола за влез во полуфиналето, домаќинот Пелистер го очекува тимот на Овче Поле. Финалистот од овосезонаскиот куп покрај домашната публика ќе влезе во серијата подобар од 2 со предност од 1-0 затоа што во Супер Лигата имаа подобар скор во меѓусебните дуели со екипата од Свети Николе. Победникот од овој дуел ќе се сретне со второпласираната екипа од Супер Лигата, а тоа е најтрофејниот Македонски колектив Работнички Фершпед. Домашните се големи фаворити и се очекува уште утре да обезбедат пласман во полуфиналето. Мечот се игра од 18:30.


Поинтересен и повозбудлив дуел се очекува од екипите на Амак Сп и Мзт Скопје. Двете екипи влегуваат како 4-то и 5-то пласирани од Лигашкиот дел и од таму носат по две победи. Ќе стартуваат од нула-нула и подобриот од нив оди на мегдан со бранителот на титулата и водечката екипа од Супер Лигата, Фени Индустри. Освојвачот на купот ќе ја има предноста на домашниот терен, во случај на мајсторка, затоа што беше место погоре на табелата. Во екипата се вратија повредените играчи без кој тимот од Охрид кон крајот на Суперлигашкиот дел имаше многу проблеми. Сега се комплетни и очекуваат подршка од трибините и отварање на серијата.


МзТ Скопје пак во вториот дел од Супер Лигата игра препородено. Со доаѓањето на Боби Митев на тренерската позиција тимот од Аеродром почна да игра и да бележи резултати. Имаат поинакава игра, поинаков пристап, подисциплирано и поконстантно играат како во нападот така и во одбраната. Се наоѓаат во една победничка серија која очекуваат да продолжи и утре.Главен адут на гостите е секако искусниот Перо Блажевски кој има изиграно безброј вакви натпревари и знае што треба да се направи за да се помине во следната фаза. Натпреварот се игра во салата "Билјанини извори" во Охрид со почеток од 20,15.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0285][79]