
Екипите на Хофенхајм и Мајнц се на врвот на Бундеслигашката табела по првите три кола со по три поени, додека Шалке, Штутгарт и Волфзбург влегуваат во се подлабока криза.
Хофенајм го изненади фаворитот Шалке со победата од 2:0 во петокот и покрај поголемата иницијатива на гостите, со што останаа на врвот на табелата со 9 поени, додека Шалке е последен без освоен поен и покрај трансферите кои ги направија во летниот преоден рок.
Во криза е и тимот на Штутгарт, кој исто така направи неколку добри трансфери ова лето, а во третото коло беа поразни од тимот на Фрајбург и покрај водството од првото полувреме со голот на Погребњак. Сепак во вториот дел преку Сисе и Шустер домаќините го свртеа мечот.

Второто пријатно изненадувње на сезоната тимот на Мајнц во третото коло беше поуспешен од Кајзерслауртен исто така со пресврт и резултат од 2:1. Голот за гостите го постигна досега најдобриот стрелец во лигата Срѓан Лакиќ, додека Бунгерт и Шурле стрелаа за Мајнц.
Актуелниот шампион Баерн на домашен терен одигра 0:0 со тимот на Вердер во натпревар со по неколку добри шанси и на двете страни.

Шампионот од пред две години, Волфзбург ја продолжи лошата серија со нов пораз, овој пат од Борусија Дортмунд, која беше поуспешна со 2:0 со головите на Сахин и Кагава.
Тимот на Хамбургер одигра 1:1 против Нирнберг на домашен терен, а стрелци на головите беа Матијсен за домаќините и Пинола за гостите.
Баер Леверкузен се врати од негатива од 2:0 на гости кај Хановер. Стрелци на головите за домаќините беа Дидер Ја Конан и Абделуе, меѓутоа ’фармацефтите‘ се вратија преку Дердијок и Хелмес за конечни 2:2.
Со 4 погодоци се заврши и мечот помеѓу Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт Франкфурт, меѓутоа тука резултатот беше 0:4, а стрелци на головите беа Колер, Охс и два пати Гекас.
И во последниот натпревар од третото коло домаќините Келн славеа против новодојденците Сент Паули со 1:0 со погодокот на Танер Јалчин.
По трите кола на врвот се Хофенхајм и Мајнц со по 9 поени, а следуваат Хамбургер и Хановер со по 7. Актуелниот шмапион Баерн е 11 позиција со 4 освоени поени.