
Итaлијанската Серија А ќе ја надмине бројката од 1 милиjарда евра за плаќање на фудбалерите оваа сезона, соопштува Газета Дело Спорт. Официјално општиот размер на плати за играчите од 20-те клубови е 802 милиони евра. Ако на тоа се додадат бонуси и премии бројката надминува 1 милиjарда евра.
Така за 4 години примањата на фудбалерите скокнале скоро двојно. Во 2006 година тие изнесувале 546 милиони евра.
Оваа сезона најмногу ќе потроши Милан – 130 милиони евра, а после него е Интер со 121 милион и Јувентус со 100 милиони евра. Следуваат Рома – 83 милиони. Фиорентина – 41,7 милиони, Лацио - 41 милион, Џенова – 36,7 милиони евра па останатите. Најмалку ќе потроши Чезена – 8,3 милиони евра. Со најголема индивидуална плата е Ибрахимовиќ кој добива скоро 9 милиони евра по сезона.