Швајнштајгер: Му ја пикнав меѓу нозе топката на Балак и сакаше да ме обезглави
07/09/2010 17:31

Магазинот ’11 Фројнде’ ја раскажува приказната на Бастијан Швајнштајгер – од анонимен фудбалер до лидер на репрезентацијата на Германија. Интервјуто го преземаме во целост.

Швајни каде бевте на одмор?

-Во Тајланд. Мислев дека таму нема да ми зборуваат за Светското првенство, дека не ме познаваат. Но, персоналот на хотелот веднаш ме нападна за автограми. Таму Премиер лигата е број еден, но и германскиот фудбал се гледа.

После финалето на Европското посакавте да играте пак со Шпанија, но повторно не успеавте.

-Но бевме поблиску. Сами сме си криви за поразот, зошто не бевме на нивото на предходните натпревари.

Што ви носи среќа?

-Излегувам последен од автобусот. Во соблекувалната се собираме во круг, а на теренот уште еднаш. Ние, лидерите, објаснуваме зошто е важен мечот и зошто треба да се победи. Со кратки реченици. На Светското првенство имавме млади играчи кои имаа потреба од поткрепа.

Од кога држите говор? Откако Ван Гал ве намести на средината од теренот?

-Не знам. Ако си постојано на високо ниво другите ти се доверуваат. Не е ли во секоја професија така? Иако имате право. Тренерот во Баерн ме стави на средината каде што сум најдобар и ги забрза работите.

Јуп Хенкес прв ве стави на средината. Но кога дојде Ван Гаал ве врати на крило од почетокот.

-Всушност Ван Гаал сакаше да играм поинаку. Тој не ги слуша и не ги практикува нашите препораки. Но и другите играчи исто сакаа да играм во средината, и на крајот и тој се согласи.

Јоаким Лев знаеше ли која ви е омилената позиција?

-Одамна знае. Помошник тренерот на Баерн, Хенке исто така. Но претходно во Баерн беа Харгрејвс, Јеремис, Балак и Нико Ковач. Па во средината немаше место за млад играч како мене.

Во спортот ви оди. А како е во личниот живот? Дали сте и таму подисциплиниран?

-И порано не одев секоја вечер во дискотека, иако во весниците пишуваа друго. Фудбалери за пример како Лусио и Зе Роберто ми покажаа каде стигнуваш ако после тренингот работиш дополнително. Полесно е да ја чуваш формата. Порано не бев во постојана форма, сега сум.

Вашиот идол е Лотар Матеус.

-Лотар имаше голем дар - можеше да игра фудбал. Дали ја има истата дарба и во личниот живот не е моја работа. Не сум како него, јас сум нормален човек со нормално секојдневие – сакам да пијам кафе и да играм фудбал со пријателите.

Во Баерн имаше многу момчиња као вас. Зошто точно вие успеавте?

-Секогаш се стремам да станам подобар. Имав и среќа.

Каква среќа?

-Во ноември 2002 година, ме пуштија резерва против Ленс во Лигата на шампиони. Имаше многу повредени фудбалери. Можеа да изберат некој друг аматер, но ме зедоа мене. Играв само 15 минути, но тие променија се.

И пред Ван Гаал во Баерн имаше добри тренери. Зошто тој постигна толку многу?

-Можеби затоа што е Холанѓанец. Нивната држава е мала и тие знаат да извлечат максимум со ограничени ресурси. Со нивниот професионализам и нашиот стил се создаде добар тим.

Се плашите ли од Ван Гаал?

-Страв не. Само респект. Треба да се научиш да го почитуваш тренерот.

Дали е вистина дека на првиот тренинг во Баерн сте му направиле „унечка“ на Балак (му ја провнал топката меѓу нозе) и тој ве нашамарил?

-Не беше баш првиот тренинг, но беше на почетокот. Пробав да му ја провнам топката помеѓу нозете. Тој се сврте и ми рече дека ако пробам уште еднаш, ќе ми ја скине главата. Јас само му се извинив.

На ’ти’ ли зборувате со канцеларката Меркел?

Не на ’вие’, јас ја викам госпоѓа Меркел. После натпреварот со Аргентина влезе во соблекувалната. Сите бевме без алишта. Едвај успев да се покријам со крпата пред да влезе таа. Зеде едно пиво се чукнавме и ме прегрна.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0273][77]