Кој е Мино Раиола?
07/09/2010 15:33
Кој е Мино Раиола?

Сигурно сте го слушнале името Раиола повеќе пати ова лето и се прашувате кој е овој човек. Изгледа дека секој трансфер кој го прави некој од најголемите клубови во Европа, го вклучува и него. Затоа ви носиме некои информации за овој супер-агент.

Мино Раиола е роден Италијанец со холандско државјанство. Тој после раѓањето со неговите родители заминува во Харлеем, Холандија, каде што и за прв пат се развива и неговата страст за фудбалот.

Тој се приклучува во младинската школа во локалниот клуб Харлеем, но неговата љубов за играње фудбал сепак завршила кога имал само 18 години.

Во 1986 год. станува тренер на младинците на Харлеем, а седум години покасно успешно преговара за трансферот на Денис Беркамп во Интер. Овој трансфер е почеток на неговата кариера како еден од најдобрите спортски агенти во светот.

Раиола во моментов е еден од најпочитуваните агенти со лиценца на ФИФА, и претставува врвни ѕвезди како Ибрахимовиќ, Балотели, Григера, Керлон( млада бразилска ѕвезда) Максвел и Матиони. Тој исто така е агент и на холандскиот тренер Мартин Јол.

Нормално, првата работа која ви паѓа на памет кога ќе се спомнат ФИФА агенти, а особено Раиола се парите. За илустрација Раиола само минатата година завршил трнасфери вредни 100 милиони евра. Па така не треба многу за да сфатите дека овој гениј вреди милиони.

И оваа година Раиола заврши успешно многу трансфери. Откако со успех заврши тренсферирањето на Ибрахимовиќ од Барса во Милан, тој веднаш беше ангажиран за трансферот на Робињо.

Иако Раиола не е официјален агент на Робињо, сепак од Милан одлучиле да го искористат Раиола за успешно да се заврши работата на преговарачката маса, како и што се случи.




Истиот овој човек играл клучна улога при трансферот на Робињо од Реал во Сити пред две години.

Не залудно Раиола важи како агент кој ги направил најголемите трансфери во фудбалот, најневеројатни, или трансфери за кои се потрошени најмногу пари.

Само за трансферирањето на Ибрахимовиќ сите клубови заедно платиле над 160 милиони евра.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0317][31]