Волфсбург продолжува да купува од Јувентус
07/09/2010 14:24
Волфсбург продолжува да купува од Јувентус

Ако требаше да се предвидува некој трансфер на релација Волфсбург – Јувентус оваа година веројатно многумина би се обложиле на доаѓање на Един Џеко.

Но Џеко остана во Бундеслигата, а трансферот се случи во обратен правец. Бразилскиот плејмејкер Диего го напушти Јувентус и дојде во Волфсбург.

Според најавите Германците нема да застанат на тоа, туку и понатаму посакуваат играчи од Торино. Веќе сега траат преговорите меѓу управите на двата клуба за јануарскиот преоден рок, за трансфер на Момо Сисоко.

25-годишниот играч за врска во Јувентус дојде пред две години од Ливерпул, а ова лето веќе торинскиот состав беше спремен да го продаде. Го ставија на излог, но не успеаа да го продадат.

Волфсбург наводно веќе се договорил со Јуве за трансфер во јануари, кој ќе чини околу 8 милиони евра.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0555][81]