
Зидан, пензионираниот легендарен фудбалер на француската репрезентација, и Реал Мадрид, каде денес е амбасадор е задоволен со изгледот на тимот.
Исто така со начинот на кој Мурињо го води тимот, а кажа и збор два за неговиот син Енцо, кој е во младинскиот погон на Реал.
„Натпреварот против Мајорка не го гледав, но ние сме уште тим во изградба. Мурињо ни го донесе тоа што ни недостасува, и иако Барса добро изгледа, оваа година Реал може да направи нешто посебно“ – тврди Зидан.
„Тешко е во овој момент да се биде на нивото на игра на Барса, меѓутоа Реал има и играчки кадар и тренер кои се спремни да победат“
За тоа за која репрезентација ќе игра неговиот син ако некогаш биде повикан, Зидан не сакаше многу да открие само вели дека му е сеедно.
„Не сакам затоа да зборувам, но кога една од заинтересираните репрезентации ќе го повикаат тогаш ќе донесеме одлука. Дали ќе биде тоа Шпанија или Франција нема големо значење, важно во овој момент е да биде среќен во Реал.“ заврши Зидан.