Јуве со нов договор за Киелини
07/09/2010 11:20
Јуве со нов договор за Киелини

Најдобриот дефанзивец на Јувентус ќе потпише нов пет годишен договор, а раководството на ’старата дама’ ќе му исплаќа по 4 милиони евра по сезона.

Откако Џорџо Киелини дал согласност за договорот, тој ќе биде потпишан во наредните неколку дена, со што Јуве ќе ја осигура иднината на дефанзивецот.

Преговорите не врват толку глатко и со Клаудио Маркизио, кој би останал во Јуве само ако годишната плата му биде фиксирана на 3 милиони евра, додека ’бјанконерите’ му предлагаат максимум 2 милиони по сезона.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0286][26]