Дарко Тасевски ја фатил Мис Бугарија како го изневерува
07/09/2010 11:06


Македонскиот интернационалец, Дарко Тасевски ја фатил девојката Ромина Андонова во неверство, и поради тоа ја прекинале врската.

Пред неколку дена носителката на титулата Мис Бугарија призна дека не е во врска со македонскиот фудбалер. Според нејзините зборови двајцата се разделиле откако врската се потрошила.




Во соблекувалната на Левски меѓутоа се зборува друго – дека Дарко ја фатил Ромина во неверство. Имено таа била фатена ’ин флагранте’ од Даниел Боримиров, кој е началник во Левски и кој веднаш го известил нашиот Дарко, пишуваат бугарските медиуми.




Така убавицата била принудена набрзо да си го собере багажот од апартманот на фудбалерот во квартот ’Бојана’.




Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0249][23]