
Италијанскиот гигант Рома, веројатно ќе има нов сопственик за неколку дена, тврди „Кориере Дело Спорт“. Според весникот, со најголеми шанси да го купи клубот е Џанпаоло Ангелучи. До крајот на неделата тој треба да се сретне со преставници од „Уникредит“ за да ја договорат зделката.
Како што е познато веќе 17 години Рома е сопственост на фамилијата Сенси. Откако претседателот на клубот Франко Сенси почина, на претседателското место седна неговата ќерка Росела.
Таа не успеа да ги покрие огромните долгови кон „Уникредит“ банката, и голем дел од акциите на клубот се во сопственост на таа банка, која сега бара купувач.
Освен Ангелучи интерес кон Рома пројави и кралското семејство на Саудиска Арабија.