Улие се поблиску до Астон Вила
06/09/2010 17:34
Улие се поблиску до Астон Вила

Жерар Улие е многу блиску до враќање во англискиот фудбал и до преземање на клупата на Астон Вила, соопштуваат медиумите во Англија.

Според нив Улие ќе биде назначен за менаџер на Астон Вила уште оваа седмица и ќе го наследи Мартин О’Нил.

Улие го водеше Ливерпул од 1998 до 2004 година, а после тоа замина да работи како тренер во Олимпик Лион, но сега е повторно пред враќање во Премиер лигата.

Сопственикот на Астон Вила посакува менаџер со искуство, кој веќе има работено во Англија па така изборот паднал токму на Улие.
Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0525][88]