
Сократис Нинис, 20-годишниот плејмејкер од Панатинаикос со своите квалитети ја воодушеви фудбалска Европа, а најмногу Алекс Фергусон.
Манчестер Јунајтед се чини е најблиску до доведување на овој талент, па така Фергусон е спремен да плати 10 милиони евра за грчкиот талент уште во јануари, известува „Мирор“.
Сепак на Јунајтед нема да му биде лесно да го доведе младиот Нинис бидејќи ќе има силна конкуренција во Милан и Реал, кои исто така покажаа силно интересирање за играчот.
Нинис е роден во Албанија, но е со грчко потекло и веќе има 8 настапи за грчката репрезентација и 1 гол. Тој исто така настапи и на Светското првенство во Јужна Африка.