
Лошите вести за Кака не престануваат, па така, денешното издание на „Ас“ соопштува дека Бразилецот ќе ги пропушти сите натпревари од групата Г во Лигата на шампиони.
Жозе Мурињо сепак ќе треба да почека со камбекот на Рикардо Кака затоа што тој ќе се врати на теренот дури во 2011 година.
Бразилецот со сигурност ќе ги пропушти сите натпревари од Лигата на шампиони во групната фаза, и се очекува негово враќање на натпреварот против Виљареал на 9 јануари 2011.
Фановите на Милан нема да го имаат задоволството одново да го видат своето поранешно милениче на „Сан Сиро“, кога Милан ќе го дочека Реал Мадрид.