Марадона 50-от роденден сака да го слави во Наполи
06/09/2010 15:35
Марадона 50-от роденден сака да го слави во Наполи

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Диего Марадона, изрази желба 50-от роденден да го прослави со хуманитарен натпревар со својот Наполи.

Легендата не светскиот фудбал и доскорешен селектор на Аргентина, играше за Наполи од 1984 до 1991 година. Во тоа животно доба, за кое вели дека е најубавото во кариерата тој освои две Скудета (1987 и 1990) и Куп УЕФА во 1989 година.

Поради тоа изрази голема желба на 30 октомври, кога ќе наполни 50 години уште еднаш да истрча на Сао Паоло, и со некогашните соиграчи да одигра хуманитарен натпревар.

„Сакам уште еднаш да ги прегрнам сите луѓе во Наполи. Во тој клуб уживав во најдоброто доба од мојот живот. Имам се во животот: семејство кое го обожувам, брилијантна кариера, и сега фала му на Бога повеќе ништо не сакам, дури ни пари“, изјави Марадона за Gazzettа dello Sport.

Марадона сака уште еднаш да се појави во Италија, иако е во расправија со тамошните даночници, кои пробуваат да му наплатат голем долг кој го оставил зад себе. Па така минатата година кога стигнал во клиника за слабеење на северот од Италија, му заплениле обетки вредни 4000 евра.


Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0352][23]